И денеска нова тура цензура за вести објавени во нашиот портал, меѓу кои има и политички, но и од историјата, културата и религијата.

Пишувавме во повеќе наврати за тоа, но залудно е кога кај фактчекерите е „и каменот и оревот“.

– Содржината не е достапна во моментов. Ова се случува ако сопственикот ја споделил содржината само со мала група на луѓе, сменил кој може да ја гледа, или пак ја избришал, пишува за една од непожелните вести.

Но, за волја на вистината и фактчекерството во Македонија, ниту содржината е споделена со мала група на луѓе, ниту пак ние сме ја избришале. Вистината е дека тоа дискретно го сториле нежните цензорски прсти.

Објавуваме неколку примери на денешни содржини кои „се спорни за заедницата“ и спречено е нивното ширење.

(Д. Г.)