Образложение со црвени букви во појаснувањето е „обајви коишто делуваат како непосакувана содржина согласно нашите Принципи на заедницата се блокираат на Facebook и не можат да се уредуваат“.

Ова се случува речиси секој ден. Фактчекерските демократски филтри не „пропуштаат не само песок, туку ни вода“, поради „заштита на заедницата“.

Во неколку наврати пишувавме за „непожелни објави за заедницата“ од порталот Денешен, а денеска тоа продолжува.

Како „непосакувана содржина за заедницата“ денеска се повеќе вести објавени во Денешен, кои се избришани.

Меѓу нив се изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вест за судењето на адвокатот Тони Менкиноски, изјава на министерот за здравство Фатмир Меџити за разрешувањето на директорот на Клиниката на кардиохирургија, д-р Сашо Јовев…

Нејасно останува што е спорното во овие вести кои не се ексклузивни!?

(Д. Г.)