Од понеделник се замрзнува и цената на јајцата, велат извори за ТВ Телма.
Најверојатно претходно нема да има поевтинување како што тоа се направи со тестенините, млекото и млечните производи, туку ќе се замрзне цената по која јајцата во моментов се продаваат.
Производителите кои ги контактираше ТВ Телма велат дека за нив е прифатливо да се ограничи сегашната сума и пред Велигден да не може да има поскапувања, а секој кој смета дека може нека ја намали и дополнително. Дали ќе се прават корекции и кај цените на шеќерот и оризот е незивесно. Надлежните се уште ги разгледуваат анализите. И граѓаните сметаат дека намалување треба да има и кај другите продукти.
Пазарните инспекторите и за време на викенд во контрола. Нивните анализи покажуваат дека најдисциплинирани за сега се трговците во Скопје. Во главниот град деновиве не се утврдени неправилнсоти. Најнепослушни биле во Охрид. Од вкупно четири економски субјекти кои ја прекршиле одлуката, два се од таму, и по еден во Кичево и Битола. Тие продавеле поскап леб и млечни производи. Тие вкупно ќе треба да платат над 18.200 евра. Од пазарен ветуваат дека од понеделник нивните имиња ќе бидат и јавно објавени.
Тие апелираат до граѓаните да продолжат да пријавуваат неправилности до нив.
Од пред два дена тестенините се продаваат за 15 проценти поевтино, а млекото и млечните производи за 10 отсто. Претходно на 33 денари се ограничи и цената на белиот и полубелиот леб. Ваквите одлуки за замрзнување на цените дојдоа откако дел од прехрамбените фирми три месеци користеа евтина субвенционирана струја и иако требаше не ги намалија цените, тоа не го направија. Дали ќе поминат само со укинување на оваа помош или за нив ќе има и други санкции дополнително ќе се утврдува колку не тоа законски.
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот Крешник Бектеши при смрзнувањата на цените излегуваа пред камери по маркетите да пазарат и да ги уверат граѓаните во смрзнатите цени.