Нови 10.000 барања од Македонија за добивање бугарско државјанство пристигнале до бугарските власти.

Тој податок денеска го соопштила министерката за правда во Владата на Бугарија, Цецка Цачева, одговарајќи на пратенички прашања во бугарскиот парламент.

Таа навела дека од 17.792 пријави за добивање бугарско државјанство, најмногу се од Македонија, а следна на списокот е Србија со околу 1700 барања, потоа Молдавија, Турција, Албанија, Израел и Русија.