Во Украина се потврдени уште 800 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 52.843, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

Министерот за здравство Мексим Степанов на брифинг информира дека коронавирусот е потврден кај 53 деца и 48 медицински работници.

Во последното деноноќие починале уште 27 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.372.