Во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно нови 524 случаи на КОВИД-19 од 3126 тестирања. Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се евидентирани девет починати пациенти. Министерството за здравство информира дека дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид -19 од Мој термин, пријавени се и осум починати лица со датум на смрт од 24 октомври до 13 ноември 2021.
Од деветтемина починати во изминатото деноноќие, тројца се од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), две лица се од Скопје (71г, и 77г) и по едно починато лице се од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г). Сите се починати во болнички услови.
Најголем број на активни случаи во земјава се евидентирани во главниот гради вкупно 3 775, потоа во Битола вкупно активни 630 случаи и Прилеп каде се евидентирани вкупно 419 активни случаи на заразени со ковид-19.
Бројот на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата достигна 209 971 од направени вкупно 1 433 550 тестирања. Оздравени се 194 346 пациенти, починати 7354, а активни случаи има 8271.