Ана ГЛИГОРОВА

Постојат родители кои инсистираат децата да одат со физичко присуство во школо поради низа причини кои немаат врска со епидемијата. Да се социјализирале, нема кој да ги чува,нема кој да работи со нив, итн. Некои семејно го прележале ковидот и сега се супермени, што им е гајле за некои таму шеќераши,асматичари, возрасни луѓе, деца со слаб имунитет.

Важно тие ете се здрави и си тераат нормален живот. НЕ ТЕРААТ НОРМАЛЕН ЖИВОТ ТУКУ ИЛУЗИЈА. Учениците со физичко присуство не можат и да сакаат да се придржуваат до протоколите, седум часа со маска, многу блиско растојание, по десет деца во изолација, само за PCR тестови се зборува.Тестовите по англиски и математика се во втор план. На силен удар се наставниците кои мораат да одат на работа во контаминиран простор, се разболуваат а нема кому да се пожалат.

Во земја со најголема смрттност од КОВИД во Европа се зборува за тоа дали треба да се префрлат децата во доцна есен на онлајн или не?

Солидарност со непрележаните,со хронично болните, со бремените жени, со возрасните. СОЛИДАРНОСТ ЛУЃЕ, ПОСТОИТЕ ЛИ? Колкумина починаа,само заради бахатост, распојасаност. Вакцините нема да помогнат ако зимава не се применат мерки на физичко оддалечување.

ПУШТЕТЕ ГИ ДЕЦАТА ОНЛАЈН, СТУДЕНТИТЕ ТАКА СТУДИРААТ. КАКОВ АПСУРД. НИШТО ПОВЕЌЕ ОД ЕМПАТИЈА И ЕТИКА НЕ БАРАМЕ.