По кавгата со Северина, поради која наводно се разведуваат, Игор Којиќ повеќе нема да се враќа во Загреб, објави сараевски Аваз.
Како што тврди порталот, повикувајќи се на упатени во случајот, Којиќ неодамна се поздравил со некои пријатели и најавил враќање во Белград, неговиот роден град кој го напушти пред три години, кога се ожени со хрватската пејачка Северина.
Игор и Севе веќе подолго време не функционираат најдобро. Славата на таткото на Игор, Драган Којиќ Кеба, го расипал нивниот однос, а кулминацијата се случила кога Севене се појавила на концертот на својот свекор. Тој ден таа и Игор се испокарале уште еднаш, а Севе од половина пат се вратила назад во Загреб. Игор многу се налутил и решил да остане во Белград, па се јавил на некои пријатели и рекол дека веќе не се враќа во Хрватска.
Да потсетиме, Северина на денот кога Кеба имаше концерт, на 4 декември, во Загреб имала рочиште со таткото на нејзиниот син, Милан Поповиќ. Иако тргнала за Белград, нова караница се случила со Игор по телефон додека Севе одела кон Белград, па свртела назад и се вратила во Загреб и го „извисила“ свекорот Кеба.
Игор и Северина се уште не се огласуваат за овој настан, како ни Кеба, кој по концертот во Белград отпатувал на настапи во Бугарија.