Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерена облачност, а попладне со повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од три до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и во понеделник кога на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка.