ЈП Улици и патишта – Скопје соопшти дека од недела, 31 мај, се пуштаат во функција нови семафори на крстосниците со булеварот „Македонија”.

-Ќе бидат пуштени во функција новите семафори на крстосниците помеѓу булевар „Македонија” со улица „11 Октомври” и улица „Пролет” и на крстосницата на булевар „Македонија” со булевар „Борис Трајковски”. На семафорите ќе биде воведен нов траен сообраќаен режим за сообраќај, што подразбира воведување нови светлосни сигнали и целосно нова хоризонтална и вертикална сигнализација и сообраќајна опрема, информира јавното претпријатие.