Епл вчера претстави неколку нови уреди, меѓу кои и три модела на „Ајфон“, поевтин „Ајпад“ и нов паметен часовник. Но покрај тоа, компанијата потсети и на својот нов бизнис, којшто постепено станува поважен од хардвер-уредите – дигиталните услуги слични на оние на Нетфликс.
Тие услуги уживаат голема популарност, поради тоа што нудат пристап до огромен избор содржини за ниска цена. Но, цената може и да е пониска…
Предноста на Епл во таа смисла, е големата покриеност на пазарот, па може а пушта дигитални услуги за видеоигри, видеа и други апликации по многу пониски цени од вообичаените. Тоа ќе навлече многу критики кон компанијата, особено поради понудата – првата година за сите новопродадени продадени Ајфони и Ајпади, новите услуги да бидат бесплатни.
Една од новите услуги е Епл ТВ плус. Тоа ќе биде избор на нови содржини – филмови, серии и емисии, направени само за оваа платформа. Во проектите се ангажирани Џенифер Анистон, Риз Видерспун, Џејсон Момоа, Опра Винфри, Стивен Спилберг и други познати лица од шоу-бизнисот. А, изборот на содржините само ќе расте.
Цената на услугата ќе биде 4,99 долари месечно, и таа својот почеток ќе го има на 1 ноември годинава, во над 100 држави во светот.