Во Србија од следната година ќе важат нови услови за пензионирање, соопшти Државниот фонд за пензиско и инвалидско осигурување.
За жените, старосната граница за пензионирање е поместена за два месеци од јануари – возраст од 63 години и осум месеци живот и најмалку 15 години стаж на осигурување.
За мажите се уште важат истите услови – 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување.
Поместувањето на условот за возраст за жените е до 2032 година, кога условите за двата пола ќе бидат еднакви, 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување.
Осигурениците од двата пола можат да го остварат правото на пензија и доколку имаат наполнето 45 години стаж на осигурување, без разлика на нивната возраст.
фото: архива