Драган Илиевски е новиот вршител на должност директор на Зоолошката градина во Скопје. Илиевски на оваа позиција доаѓа од партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски.

-Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет, а има завршено магистерски студии по економија, посочија од Град Скопје.

Според информациите, Драган Илиевски на оваа позиција доаѓа како кадар на партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот в.д. директор Кристијан Стаменов.