Новиот министер за транспорт и врски во владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Александар Николоски кој на таа позиција доаѓа од местото потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и еден од најактивните во тимот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Тој на оваа функција и ќе затекне „наследство“ незиградени автопати, пруга и друга инфраструктура, како што е автопатот Кичево Охрид кој 7 години е заглавен а требаше да биде завршен пред 4 години, неизградена и заглавена железничка пруга кон Бугарија, како и делници од автопати за Прилеп, Косово, чија градба споро се одвива со десетици тешки проблеми и застои е само дел од миразот кој Николоски го наследува од претходната Влада.

Познавачите велат дека таквото кооптирање на позицијата транспот нималку не е наивно особено ако се знае дека во голема мера се заглавени милионски проекти, а додатно на тоа се планира и голем инфраструктурен бум на новата влада.

Александар Николоски е роден во Охрид во 1984 година, а завршил на Правниот факултет. Тој во ВМРО-ДПМНЕ влегува од мали нозе, а првите почетоци во јавниот дискурс ги прави како претседател на средношколската унија која своевремено се бунтуваше и се залагаше за реформи во образованието во владата на Црвенковски.

Подоцна станува прв човек на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и практично го води подмладокот на оваа партија се до доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на владата на Никола Груевски каде станува и пратеник во повеќе мандати.

Луѓето кои го познаваат велат дека е неуморив политичар кој целиот фокус му е насочен кон политички ангажмани и процеси.

Тој е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ откако Христијан Мицкоски ја води партијата.

Забележително е дека е и меѓународно активен а и е дел од Советот на Европа каде беше известувач за повеќе изборни процеси, во делот на исполнување на обврските што државите ги имаат преземано кон Советот на Европа, пред сè во делот на почитувањето на основните човекови права, владеењето на правото, борбата со криминалот и корупцијата, изборните реформи, како и воспоставувањето функционална правна држава. Советот на Европа го реизбраа Александар Николоски и за генерален известувач за укинување на смртната казна.

Тој пред 2 години беше избран и за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа, додека Бриселската групација„Пријатели на Европа“ („Friends of Europe“) го избра Александар Николоски како еден од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа.

Што наследува Николоски

Автопатот Кичево Охрид кој 7 години е заглавен, а требаше да биде завршен пред 4 години, неизградена и заглавена железничка пруга кон Бугарија, како и делници од автопати за Прилеп, Косово чија градба споро се одвива со десетици тешки проблеми и застои е само дел од миразот кој Николоски го наследува од претходната Влада.

Воедно она што може да се насети од програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198 е силна посветеност кон создавање на инфраструктурен бум. Завршување на автопатот Кичево Охрид, делницата за автопатско поврзување со Прилеп, како и Прилеп Битола. Преговори со Бехтел и Енка и извлекување на максимумот во градба на коридорите за кои претходната влада веќе превзема обврски. Како и реализација на супер брза железница, придобивки од најавената милијарда каде ќе има инвестиции во инфраструктурата и редица капитални проекти кои ќже бидат во врвот на приоритетите на Николоски.

Воедно тој од оваа позиција ќе биде и заменик претседател на Владата каде ќе има влијание и врз процесите кои политички ќе се одвиваат во земјава. Важи за доста активен во политиката, воркохолик и политички лојален соработник.

Николоски е татко на малиот Јосиф, кој го добија со сопругата Александара во мај минатата година.