Новоизбраниот претседател на Колумбија, Абелардо де ла Есприела, кој е поддржан од САД, синоќа објави дека ќе ги суспендира дипломатските односи на земјата со Куба и Никарагва.

Мојата влада нема да има врски со тирании, изјави Есприела, кој ќе ја преземе функцијата на 7 август.

Тој најави затворање на 14 амбасади и 15 конзулати, што ќе доведе до прекин а дипломатските односи на Колумбија со „комунистичкиот остров“ и со „авторитарниот режим“ на Никарагва.