Судскиот процес за предметот „Рекет“ продолжува денеска со презентација на материјалните докази. На последното рочиште за овој предмет се читаа и се презентира наредби и извештаи од одземените предмети при претресите во домовите на обвинетите Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, односно во домот на осудениот Зоран Милески-Кичеец.
Јавноста имаше можност да слушне дека при претресот извршен во домот на Боки 13 времено се одземени многу предмети, гардероба и мебел, додека од домот на обвинетата Јанева, како што информира обвинителката Ирена Трајчева, се одземени лаптоп, УСБ-стикови и други предмети.
По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.