Пожар утрово избувна во погон за производство на мебел лоциран на излезот од Струмица на стариот пат кон Радовиш пред местото Ракиџиски мост.

Патот кон погонот е блокиран од полициски службеници, а пожарникари со неколку противпожарни возила го гаснат пожарот, кој може да се забележи од поголема далечина.

Засега нема информации за повредени или загинати лица, како и за причините за пожарот.