Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба со проф. д-р Драган Данаиловски, на која е договорено да се формира неформално советодавно тело од професори од Медицинскиот факултет во пензија, со цел анализирање на тековните состојби во здравството, соопшти Министерството за здравство.
– На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодарност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во Ковид-кризата досега. Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања. Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Во новата година му посакав добро здравје и успех. Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката, изјави Филипче.