Владата донесла одлука за задолжување на Македонија со кредит од уште 50 милиони евра од Шпаркасе банка, открива економскиот портал Фактор.
Оваа одлука, како што наведува порталот, била донесена на седницата одржана на 24 август.
На домашниот пазар веќе е издадена 15 годишна обврзница на сума од над 25 милиони евра, што значи дека ќе се враќа во следните 15 години, и таа од денеска котира на македонската берза.
Со кредитот од 50 милиони евра Владата навела дека ќе го финансира буџетскиот дефицит на земјава.
„РС Македонија се задолжува со краткорочен кредит во вкупен износ до 50.000.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на денот на плаќањето, кај Шпаркасе банка АД Скопје. Краткорочниот кредит ќе се користи за финансирање на буџетскиот дефицит на РСМ“, се вели во владината Одлука до која дојде Фактор.
Притоа не се наведува ниту каматната стапка, ниту другите услови под кои се зема кредитот.
Извор: Фактор