Министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Абдулах бин Зајед ал-Нахјан изјави дека е најважно да се врати надежта на Палестинците и Израелците работејќи на мировно решение за две држави.

Тој тоа го изјави во заедничкото соопштение по разговорот во Берлин со министрите за надворешни работи на Израел и на Германија, Габи Ашкенази и Хајко Мас.

Ал-Нахјан разговарал со Ашкенази и за соработка во областа на енергетиката.

Средбата во Берлин е организирана поради разгледување на натамошните чекори во нормализирање на односите по потпишувањето во Вашингтон на Договорот за воспоставување дипломатски односи.