Бадник – денот пред Божик, 6 јануари е денот со кој веќе започнува Божикната прослава. Рано наутро се оди во шума по бадникови гранчиња (во градовите најчесто се купуваат). Потоа жените ја приготвуваат трпезата за Божик.

Бадниковите гранчиња обично се од младо дабово дрво кое се сече на Бадник и се носи пред домот, покрај влезната врата, каде што стои до вечерта.

Бадниковата вечер практично ги спојува Бадник и Божик. Навечер, кога ќе падне мрак, домаќинот со синовите во домот носи баднак и слама. Вечерата е посна, најчесто се приготвува гравче, свежа или сушена риба, како и други посни јадења.

Денес, сите овие обичаи се приспособуваат на градската средина каде што нема ни оган, ни огниште, ни шума. Наместо големо дрво, се земаат дабови гранчиња и мала количина слама. Сето тоа пред Божиќ се става под славската икона. Потоа се палат свеќа и кандило, што симболизира оган и огниште, а куќата се кади со темјан.

Рано наутро на Бадник, домаќинката меси тесто од кое пече погача и во неа става метална паричка (златна, сребрена или обична). Кога ќе ја испече, ја изнесува на Бадниковата вечера. Погачата се врти како славски колач, се прелева со вино и потоа се крши на онолку делови колку што има домашни. Според народното верување, оној што ќе го добие делот во којшто се наоѓа паричката, ќе биде среќен цела година.

Обичаите постојат за да нѐ поврзат со традицијата, да нѐ приближат едни кон други. Но никогаш не заборавајте, за Божиќ најважно е во вашиот дом да има љубов и слога.