Словачкиот премиер Роберт Фицо е повреден во пукање по седница на Владата, јави новинската агенција ТАСР.
Агенцијата го цитираше потпретседателот на парламентот, Лубос Блаха, дека Фицо бил застрелан и повреден.
Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување.
Словачката телевизија ТА3 објави дека биле испукани четири куршуми, при што еден го погодил Фицо во стомакот. (МИА)