Обилниот дожд во регионот на Црното Море во Турција предизвика поплави и лизгање на земјиштето, а едно лице загина во северната турска провинција Самсун, изјави денеска министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу. Неколку патишта биле затворени поради лизгање на земјиштето, додаде тој, според државната новинска агенција Анадолу.

Метеоролошката служба предупредила и на ново невреме во регионот на Црното Море.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека екстремните временски услови се последица на климатската криза. „За жал, како и остатокот од светот, нашата земја се повеќе ги чувствува проблемите предизвикани од климатските промени“, рече Ердоган во Истанбул.

Црноморскиот регион е постојано изложен на големи поплави.