Филипче отиде до Белград за да види како изгледа министер за здравство, гласи еден од многуте коментари за работата на македонскиот министер за здравство, Венко Филипче.
Тој денеска е во посета на Белград на соседна Србија од каде соопшти дека склучил стратешки договор за снабдување на Република Македонија со вакцини против коронавирусот и дека за граѓаните на Србија се укинува патарината за автопатите низ Македонија.
Патем, истиот министер Филипче, само до пред неколку дена тврдеше дека имаме доволно (нарачани) вакцини за во фрижидерот што го купија уште лани и секој месец објавува дека „штотуку не пристигнале уште толку и толку илјади вакцини.“
Во Србија, пак, не само што неговиот колега и надлежните од власта, досега имаат милиони дози вакцини и вакцинирани, туку почнаа и производство на руската вакцина Спутник В.
Толку за Филипче и вакцините, коментарот од социјалните мрежи, објавен на Фејсбук кажува многу и да не го расипуваме впечатокот од истиот.
(Д.Г.)