Сонот за Брегзит умира, пишува Борис Џонсон кој денеска до премиерката поднесе оставка на функцијата министер за ндаворешни работи. Во писмото кое е протест и оставка во исто време, Џонсон и пишува на Тереза Меј дека „Брегзит требаше да биде за можности и надеж, треба да биде шанса за нештата да станат поинакви, динамични, да се максимизираат одредени предности за отвореноста на Обединетото Кралство, отворена кон глобалната економија“.

Но, како што вели доскорешниот секретар за надворешни работи, тој сон сега умира, задавен од беспотребна самонедоверба.

Џонсон обрнува внимание на јурисдикцијата на европското законодавство во однос на домашпното законодавство и потенцира дека Британија се чини „оди кон полу-Брегзит“ и ќе добие „стаус на колонија“ заради плановите на Меј.

„Драга Тереза, поминаа повеќе од две години откако британскиот народ гласаше да ја напушти ЕУ со категорично верување дека ако тоа се случи тогаш ќе си ја врати контролата врз својата демократија. Нив им беше кажано дека ќе имаат можност да имаат своја политика за имиграција, да си го вратат кешот кој се троши од ЕУ, и над се, да можат да носат закони во интерес на луѓето на оваа земја. Сонот умира, а ние одложивме важни одлуки“, се вели во писмото на Борис Џонсон.