Скандал во фудбалска Италија. Контроверзниот италијански бизнисмен Фабрицио Корона предизвика големо внимание во јавноста со објавувањето на неколку видеа за кои тврди дека прикажуваат фудбалери на Милан како имаат секс со неколку девојки.

Поранешниот играч на Милан, Тео Ернандез, сега играч на АЛ Хилал, исто така наводно е на видеото.

Корона тврди дека на видеото се прикажани голем број девојки во друштво на фудбалери, како и дека во еден момент се користи супстанца позната како „гас за смеење“. Овие тврдења сè уште не се потврдени од независни извори или од самите играчи или клубови.

 

Исто така, во објавата се изнесуваат обвинувања дека Ернандез наводно бил вмешан во организирање на приватни собири, како и дека поседувал возило кое, според Корона, се користело за тие цели. Оваа информација не е официјално потврдена ниту демантирана.

Италијанските медиуми објавуваат дека ова е уште една во низата најави на Корона кои редовно предизвикуваат големи контроверзии и бурни реакции во јавноста.


Од истата категорија