На Твитер денеска се појави снимка за кој се тврди дека е од убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред скопската дискотека Привилиџ.

На снимката не може убаво да се распознаат ликовите, но јасно се гледа како пред дискотеката машко лице му удира два бокса на Рот, по што тој веднаш паѓа на земја во бесознание.

Веднаш потоа, уште едно машко лице го клоца онесвестениот Тот во глава, додека истовремено тоа во неколку обиди го право и женско лице.

За време на настанот, надвор има повеќе луѓе, но само еден се обидува да ги спречи насилниците, додека другите немо набљудуваат.

Дел од гостите во дискотеката, пак, излегуваат и поминуваат покрај онесвестиот Тот како ништо да не се случило.

Првично, Министерството за внатрешни работи и клиниката КАРИЛ тврдеа дека на телото на Тот немало траги на насилство.

Сепак, тој подоцна почина, а на Судска медицина беше утврдено тоа било како последица на насилство.

За овој случај, две лица веќе се во притвор, додека по третиот напаѓач се трага.