Еден здравствен работник во Етиопија се промовирал себе си во пророк кој може да воскреснува мртви.

Од семејството на еден штотуку починат човек побарал да му дозволат да ја изврши својата мисија. Откако добил дозвола, тој легнал врз телото на мртвиот и почнал да му вика „Стани“. Точно како што тоа е во Новиот завет.

Откако не успеал во мисијата, бил нападнат од роднините на починатиот, па полицијата морала да го спасува. Потоа бил уапсен и обвинет за сквернавење на телото на мртвиот.