Дваесет и едно годишниот Никола Саздовски, кој на 29-ти минатиот месец беше физички напад, им подлегнал на повредите. Преку социјалните мрежи неговите блиски и пријателите се простуваат од младиот Никола.

Во полицискиот билтен на 30-ти минатиот месец, МВР објави дека претходниот ден на 29-ти во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.

Нивниот напад подоцна од МВР беше окарактеризран како насилство.

Младиот Никола по нападот поради тешките повреди беше хоспитализиран на КАРИЛ.

Социјалните мрежи се полни со сочувство до семејството на прерано починатиот Саздовски и револт за прикривањето на неговото крвничко претепување.

– Пред неполн месец дена беше протестот во организација на Комити пред Собрание, на кој полицијата на Спасовски и Заев не тепаше, фрлаше солзавци и шок бомби. “Случајно” недела дена подоцна Саздо е претепан од група Албанци, за да денес им подлегне на повредите. Невладините и граѓански здруженија со доаѓањето на ЖИВОТ и понатаму се во громогласен молк. Останува да видиме како правосудниот систем кој при здрав и жив Сеља, ги осуди луѓето на 81 година затвор, колку ќе ги осуди овие за убиство на Никола Саздовски, пишува на Фејсбук поранешниот пратеник Александар Пандов.

Актуелниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Јохан Тарчуловски, напиша:

– Денеска прерано згасна животот на еден голем Македонец. Почивај во мир комито! Правда мора да има!

Поранешната пратеничка Солза Грчева, исто така, на својот профил порача:

– Почина Саздо, на само 21 година. Убиен, ликвидиран од банда недопирливи дивјаци. МВР го криеше настанот два дена. Комитите и сите ние ќе ја истераме правдата на виделина. Почивај во мир дете, напиша Грчева

Од името на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров изрази жалење за прерано изгубениот живот на млад Македонец:

– СМК изразува искрено жалење за смртта на 21 годишниот Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, кој синоќа на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, после десет дена кома им подлегна на повредите. СМК упатува искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на Никола Саздовски и навивачката група “Комити“. Животите и имотите на граѓаните се неприкосновени и неповредливи, не постојат интереси заради кои можат да бидат загрозени, а секое насилство и агресија се за најостра осуда, бидејќи секое насилство раѓа ново насилство, секоја омраза создава нова одмазда. СМК очекува надлежните најитно да постапат по кривичните пријави против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), а делото насилство да го преиначат во кривично дело убиство. СМК апелира до родителите, локалните власти, училиштата, политичките партии и здруженијата на граѓани превентивно да делуваат и придонесат за надминување на меѓуетничките тензии, за враќање на мирот, довербата и слободата на движење во Републиката. СМК ги осудува тепачките на етничка основа на улиците, во автобусите и на автобуските постојки и од надлежните органи бара најстроги казни за сторителите против безбедноста, јавниот ред и мир и животите и имотите на граѓаните. СМК бара реорганизација на МВР со повлекување на полицајците од станиците и нивно итно прераспоредување за реализација на проектот маалски полицајци односно позорникари, се вели во пораката од СМК.

По претепувањето на младиот Саздовски и медиумите блиски до власта се обидуваа да го прикријат настанот.