Државната изборна комисија објави резултати од 100 проценти обработени податоци за претседателските и парламентарните избори.
Кандидатката Гордана Силјановска Давкова е апсолутен победник на претседателските избори со вкупно 561.001 глас.
Таа води за 309 илјади гласови пред нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски, кој освои вкупно 251.881 глас.