Повеќе отстапки нема никаде да праваиме, изјави бугарскиот премиер и министер за надворешни работи Димитар Главчев во врска со изборните резултати во Република Македонија, објави БТА.

„Немаме каде да правиме повеќе отстапки“, рече премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев пред новинарите во врска со изборните резултати во Македонија и европскиот развој на земјата, пренесе БТА.

Тој уште додаде: „Да почекаме да видиме каква влада ќе се формира. Се надевам дека ќе ја продолжат својата европска перспектива“, рече тој. Ставот што го имаме е паневропски став, на нашите пријатели од РСМ им е јасно дека доколку не ги исполнат условите за членство во ЕУ нема како да се стекне, рече Главчев.