Претседателот на Русија Владимир Путин не и се обрати вечерва на нацијата како што беше најавено.
Неговиот говор беше предвиден за 19 часот по средноевропско време. Ова требеше да биде прво обраќање на Путин по почетокот на инвазијата во Украина и се очекуваше да зборува за најавените референдуми во четирите украински региони под комплетна или делумна руска контрола.
Сепак, како што јауваат дописниците на светските медиуми, обраќањето на Путин е презакажано за утре. По речиси три часа чекање почнаа да се појауваат објавите дека вечерва обраќање нема да има.
Дел од новинарите од главните руски медиуми на социјалните мрежи објавија постови во кои сугерираат дека обраќањето ќе биде утре.