Денеска е 1 јануари според стариот стил и се слави Обрезание на Господ Исус Христос.

На осмиот ден по раѓањето, Божествениот Младенец го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраама, го обрезаа. Тогаш му го дадоа името Исус, онака како што ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил.

Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господа покажува дека тој на себе прими вистинско човечко тело, а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште, Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот закон, кој што самиот го дал преку пророците и праотците.

Откако ја исполни таа заповед од законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот.

Во црковната богослужба овој Господов празник нема ни претпразненство ниту попразненство.