Дезмонд Џејмс од американската сојузна држава Конектикат, бил ослободен од обвинението за силување откако на поротата и го покажл својот пенис и така докажал дека тој не е силувачот кој во 2012 година нападнал неименувана жена, пишува Индепендент.

Адвокатот на обвинетиот рекол дека тоа останало како единствена опција, бидејќи жената која го обвинила за силување рекла дека ја силувал црнец чиј полов орган имал посветла боја од другиот дел на телотот. Жената го идентификувала Џејмс откако во 2014 година го видела на телевизија.

Џејмс тврдел дека не виновен и за таа цел однел фотографија на судењето, но таа била со лош квалитет.

Тогаш адвокатот му понудил на судијата неговио клиент да се соблече, што било прифатено. Така, поротата имала можност да се увери дека Џејмс не е тој што ја силувал жената.

Тоа меѓутоа не значи дека Џејмс заминал дома по судењето. Минатата година бил обвинет за сексуално злоставување на десетгодишно девојче и во затвор ќе помине наредните 65 години.