Дали ќе се бара притвор за екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, кој е еден од осомничените во случајот Адитив обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе одлучи откако ќе добие известување дека е недостапен за полицијата. Извори од обвинителството за Канал 5 брифираат дека не е изолиран случајот со Ковачевски. Се случувало и претходно првично предложените мерки да се повлечат, и откако ќе се утврди недостапност на осомниченото лице да се побара притвор по негово пронаоѓање. Но пред да се случи тоа се чека известување од Кривичен.

„Основниот кривичен суд – Скопје нема доставено ваков документ до обвинителството и предметните обвинители не можат прескокнувајќи постапки и институции да носат предлози или одлуки надвор од нивните законски овластувања. Во моментот кога ОЈОГОКК ќе добие известување дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, надлежните јавни обвинители ќе постапат согласно законските надлежности во поглед на мерките за обезбедување.“