Француското обвинителство на судењето за нелегално финансирање на претседателската кампања во 2012 година побара шест месеци затвор за поранешниот претседател на таа земја, Никола Саркози.
Покрај шест месеци затвор, Обвинителството побара условна казна од една година за Саркози, како и парична казна од 3.750 евра, пренесоа француските медиуми.
id=”beacon_333f487993″>На Саркози, заедно со уште 13 обвинети, им се суди во аферата „Бигмалион“ под обвинение дека потрошиле десетици милиони евра во кампањата и дека ангажирале ПР компанија по која е именувана аферата, со цел да се покријат зголемените нелегални трошоци.