Според податоците на ДИК, до 13 часот во Липково имало излезност од 5,43 отсто, во Сарај 8, 45 отсто, а во Арачиново нешто над 9 отсто. Теарце има излезност од 9,45 отсто, а Тетово 13 отсто, каде што е јасно дека процентот го кренале Македонците.

Ако овој тренд продолжи, ќе покаже дека Албанците немаат намера веќе еуфорично да ги поддржуваат ДУИ и СДСМ, што дополнително ќе може да се потврди или негира од бројот на гласови што ги добил Блерим Река.
Не е подобро ни во Кичево каде излезноста изнесува 13 отсто, а просекот го „расипува“ Куманово со 19 отсто.

Не е подбро ни во Боговиње со 8 отсто излезност до 13 часот, а своевидено изненадување има и во Чаир со 11, 51 отсто, што е показател дека таму до 13 часот дома седеле и Албанците и Македонците.