Нејсе, како било – било, си дојде татко ми дома и му се курдисал да ’и јади парите дури беше си ’и дојал. Сега за Србија пат нема, а Влашко – ич, вамо занаат нема, вамо сака да се јади, туку се чудел што да праит.

За к’сметот негов ете му еден Мијак од Лазороо Поле, в чаршија, стар околу 60 години, кај му вадел еден катник на некој чоек. Му го изваил многу лесно и му ’и видел татко ми алатите отворени, та почнал да му и гледа еден по еден и да го праша кој алат за каква работа ет.

– А што ме прашаш, бре момче, – му рекол Мијако, ти не ќе се учиш еќим да што сакаш кој алат за која потреба ет, ај ако си севдалија ела со мене, да ти купам еден коњ и да ојме по вилаето, да лекуаме болни и неолни, да колку пари ќе изваиме – ортачќи ќе си и делиме и занаат ќе те научам. Мене ме викаат Аџи Стојан, јас сум бошник, не прегледуам до толку.

Кога ’и чул татко ми тие зборои од Аџи Стојана, веднаш беше му се залепил. Бидејќи имал иктиза за чоек, Аџи Стојан го зел татка и му купил коњ, та тргнале по села и по градои, да бараат болни да лекуаат. Од сараџа лекуал, од очи перделии, од камен, од протурен и од секакви рани и друзи неоли. Во една година-две сио маривет го каптисал татко. Се чудел Аџи Стојан на силната памет што имал татко:

– Ах бре Коста, што те жалам дека си бескнижен, чунќи овој занаат треби да знаиш книга за да си паметуаш билките што лекуаме, чунки без книга не се паметуаат.

Коа чул татко тие зборои од аџијата, се позамислил малку и му текнало оти бескнижен чоек еќим не бидуа, та го замолил аџијата да го научи. Му пишувал аџијата една алфавита на грчќи и му кажал неколку пати. За чудо големо беше го научил алфавита во една недела и му пишал на аџијата како поздравление по грчќи (грчќи, влашќи, каравлашќи, арнаутцќи, турцќи знаеше да зборуе, фарси и српски веќе – цел Србин беше) и му го дал на аџијата. Коа го отворил аџијата да си пејт саде за ќеф.

Само една грешка беше имало што немало одделени збороите како што му е редо, ами се со ред биле пишуани едно до друго и без ударение.

– А бре Коста оти ме лажиш – му рекол аџијата – оти не си знаел книга? Еве кај си знаел, само ова ти е грешка што не си ’и разделил збороите.

Коа разбрал татко како сакаат збороите да се делат, го врзал во ум и уште една недела се учил и се научил совршено да пишуат и да пеит по грчќи.

По малце време се научил бугарсќи и српсќи, та ни поеше песни по српсќи и по секакви, да дури умре. Ни пееше и по српсќи песнарици.

Три-четири години што шета со аџијата и се научи поарно од него да работи за џеварл’ко. За болести од натре и тие ’и научи, се од голема практика. Натрежните болести ’и лекуаше со надвор сурдисуање и со крф пуштање од рака, ама ако беше болнио со голема тежина на срце и големи огнеи. А пак старите болни и слаби што беа на снага му праеше еден маџун, со силни билќи и друго.

Многу ќамил беше за да го познаи болнио, али ќе оздрави али ќе умри. Тој што не му го ваќаше окото, не го ваќаше да го лекуа. На лева страна со куршум удрен не го ваќаше да го лекуат, чунќи непара оздравуале. И ако имаше коска со куршум скршена од лактото угоре или од колено угоре, не веруаше да оздрави тој болен.

Коа ќе го видеше некој болен за прв пат, едно ќе си дојдеше дома и ќе го прашавме за болнио како е али ќе стани, али ќе умри. За чудо големо, како што ќе ни кажеше – така ќе излезеше.

Народо го прекаруаше Коста Цепенков – еќимо на сиромасите. – „Море ај да го викнеме сиромашќио еќим, да не ни треба Филипа и Алекса да не слечат“. Кога ќе му даеше некому шербет за да го сурдиса, али да го клава некого во пот, ако е настинат, тамо ќе седеше како бабите што седат при некоа тешка жена коа да раѓа, само како од како да му поможит на болнио. Откоа ќе станеше болнио, колку ќе му каптисаше од срце, толку ќе му дадеа; со акот што ќе му го дадеа, ќе му даеа некој бакшиш, ја бовчал’к, ја друго нешто.

– Ами, оти бре татко, му кандиса на толку малце пари ? – ќе му речевме од дома.

– Колку за ајак (пот на ногата) трето ми се плаќа, бре синко, – ќе ни речеше – нека речи Бог да прости и тој е сиромав јунак, како мене.

Ако ценеше дека некој чоек од пушка удрен сто или двесте грошеи, откоа ќе го оздрави болнио, ако му сќинеа, па ќе му простеше и не се караше. Со една реч, беше многу милостив за сиромасите и не беше стреброљубец. Сто пари му земаше ајактере на сиромав да појди, дваесе пари земаше за еден катник вадење, така и за сите болести што ќе лекуаше.

– Оти бре татко, толку евтино работиш, ќе му речев, – лели треба да ни остаиш троа сермија коа ќе умриш, за да живеиме и ние како што живеат комшиите?

– Доста ти е блаосоот – велеше – чунќи блаосоот од татко чини поеќе од стока ако ти остаам. Па и друго да ти кажам, стари као што рекле, на челад прокопсана не треба стока да му остааш, чунќи, бидејќи прокопсана е челатта, сами ќе си спечалат, а пак на челад непрокопсана, па не треба стока да му остааш, бидејќи непрокопсана, сета ќе ја изедат и ќе ја запустат. Да гледај синко, биди прокопсан и гледај едно чесно име да спечалиш, да после и стока ќе си спечалиш.

– Арно така велиш домаќине – му велеше мајка- ами, лели имаме умирачка, сте старос ќе дојди, тиќи треба пари да ти се најдат за тоа време.

Од Автобиографијата на Марко Цепенков. (Подготви Марко Китевски)