Бившиот премиер Зоран Заев е класичен пример како од СДСМ преку функција од голтар се станува милионер, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека Заев беше премиер, Заеви влегоа во бизнисот со марихуаната. Во две фабрики за производство на масло од канабис семејството Заеви е официјален сопственик. Заев од позиција на премиер си даде дозвола за ископ на глина и на неговата семејна фирма Еленица. Кога замина од функција Зоран Заев, преку неговиот син отвори фирма за трговија со струја. И додека децата на 18 години запишуваат факултет или бараат прва работа, синот на Заев влезе во милионски бизнис, за кој е потребно и предзнаење и капитал. По примерот на Заев во СДСМ се и Димитар Ковачевски и Дарко Каевски. Во СДСМ модел на работа е да се следи примерот на Заев, како од голтар без работа, преку политика да се стане милионер, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува практиката во Македонија да се тргнува со „југо“ во политиката и набргу потоа да се стекнуваат „мерцедеси“. Политиката станува еден од најпрофитабилните бизниси во земјава. За жал, слични примери има премногу во мала земја, каква што е Република Македонија.