Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.
Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека особено топло време се очекува во текот на идната недела, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, на повеќе места ќе надминува 35 степени, а наместа ќе биде и над 40 степени Целзиусови.
Фото: МИА архива