10 јуни 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 мај.

Денеска е Преподобен Никита Халкидонски.

Овој светител засвети на земјата во времето на иконоборството. Од млади години се имаше повлечено во манастир. Неговата огнена љубов кон Христа од него набргу направи висок духовен светилник кој беше забележан од раководителите на црквата, па Никита беше избран за епископ на градот Халкидон. Кога на византискиот трон дојде иконоборечкиот цар Лав Ерменецот, скоро сите правоверни отци требаше да бидат прогонети. А тоа се случи и со Никита, кој отворено ја исповедаше правата вера и го прекоруваше царот за неговото отстапување. Свети Никита беше прогнат и во прогонство го заврши својот живот, преселувајќи се во вечните живеалишта на својот Господ, Исус Христос.