4 јуни 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 мај.

Денеска е Св.маченик Василиск.

Овој Василиск му беше роднина на свети Теодор Тирон. Како христијанин беше затворен и ставен на маки заедно со уште двајца христијани, Евтропиј и Клеоник. Двајцава беа распнати на крст, а Василиск повторно вратен во ќелијата. Кога се смени управникот на град Амасија, Василиск повторно беше изведен од затворот и обезглавен. Подоцна врз моштите на светителот во местото Комани беше подигната црква во која многу болни се исцелуваа. А свети Василиск пострада во почетокот на четвртиот век.