Двоен електричен автобус од кинескиот производител BYD пристигна во Колумбија, каде ќе се користи како дел од брз систем на превоз.
Се работи за најдолгиот дводелен електробус на светот – К12А, долг 27 метри. Може да собере до 250 луѓе, а достигнува максимална брзина од околу 64 километри на час.
Автобусот е веќе пуштен во промет.
Инаку, BYD во јануари го претстави и својот двокатен електробус, најголем од таков вид во светот. Оваа кинеска компанија произведе над 50.000 автобуси на електричен погон за девет години.