Пратеничката на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска била заболена од коронавирус, објави порталот Инфомакс.

Нашата редакција, пишува порталот, ја контактираше пратеничката по што добивме потврда дека е тестирана и е позитивна на заразата.

Таа во болницата била сместена од саботата кога нејзината состојба се влошила, но како што изјавила за порталот сега веќе била подобра.

Смилеска апелираше до своите сограѓани прилепчани мерките да се почитуваат, бидејќи како што вели почитувањето на мерките не биле на задоволително ниво.

Пратеничката посочува дека сака информацијата да биде споделена за што поголем број на граѓани да разберат дека станува збор за сериозна работа.

Прилеп станува нов епицентар на епидемиајта во Македонија откако само денеска се регистрирани 10 новозаразени со што вкупниот број на инфицирани лица во Прилеп е 85.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје изминатите 24 часа почина маж на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во Прилеп.