ОД КОВИД-19 ПОЧИНА 35-ГОДИШНА ЖЕНА ОД РЕСЕН: Магде Темелковска е мајка на две малолетни деца

/ 06.09.2020

Само два дена откако било потврдено дека е позитивна на Ковод-19 денеска почина 35-годишната Магде Темелковска од Ресен.

Таа се лекувала дома, а според она што го објави Центарот за јавно здравје Битола на 4 септември кога ѝ е потврден вирусот не дала податок дека имала контакт со претходно потврден случај на Ковод-19, објави порталот Независен.

-Според наши извори од Ресен, Темелковска се лекувала дома, но во текот на ноќта нагло ѝ се влошила состојбата, па починала рано утрово. Зад себе остави две малолетни деца. Веста ги шокираше ресенчани, особено што ова е втор случај во градот да почине млад човек од корона вирусот. Во јуни од компликации од вирусот прерано замина и Илчо Котевски на четириесетгодишна возраст. Инаку она што веќе го објавивме Темелковска околу 20 август била на одмор во Струга со ваучерите од владата за развој на домашниот туризам, по престојот таму се вратила во Ресен и неколку дена подоцна ги почувствувала првите симптоми, пишува порталот.

Во Ресен од почетокот на кризата до денес се регистрирани 147 позитивни на Ковид-19, оздравеле 142 пациенти, починаа 5 лица.


Од истата категорија