Националната галерија на Македонија со особено задоволство ја најавува изложбата „Од мој агол“ која ќе се отвори на 18 мај, во 13 часот, во објектот Чифте амам.
Изложбата преставува презентирање на најдобрите фотографии од децата со аутизам изработени во текот на организираното фотографирање кое беше реализирано на различни локации од градот Скопје. Низ нивна призма и од нивен агол ни го доловија амбиентот на тоа што го доживеаа.
Националната галерија на Македонија како општествено одговорна институција од областа на културата во рамките на својата програма реализира голем број на проекти наменети токму на ранливите категори на деца со цел да ги едуцира и да ја афирмира уметноста и културата.
Изложбата „Од мој агол“ е дел од проектот „Уметност за сите“ кој е подржан од страна на Холандската амбасада во Р. Македонија. Тенденцијата на пораст на аутизмот во глобални рамки е своевиден факт и токму поради тоа чувствуваме дека е потребно подигање на јавната свест кон овие лица.
Отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настап на професионалните танчери со Даунов синдром од студиото Dancers United МК.
Фотграфиите ќе бидат поставени до 30 мај 2018 година.
Ве очекуваме!