Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 72 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари за литар.
Се зголемува и цената на мазутот и таа ќе изнесува 34,711 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 75,88 долари за барел и е повисока за 2,78 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,60 денари и е за 0,21 процент понизок.