Русија се подготвува да започне кампања за масовно вакцинирање против коронавирус во октомври, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.
Министерот не зборувал за деталите за самата вакцина што ќе се користи, но изјави дека лекарите и наставниците ќе бидат првите што ќе се вакцинираат.
Ројтерс дозна од неименуван извор оваа недела дека првата потенцијална вакцина против „ковид-19“ била развиена во државната лабораторија за истражување и ќе добие одобрение од локалната регулаторна агенција за употреба уште во август , а ќе биде доставена до медицинскиот персонал за употреба кратко време потоа.