Земјотрес со јачина од 5,7 степени е регистриран во близина на брегот на Вануату, островска држава во јужниот дел на Тихиот Океан, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 459 километри југоисточно од градот Исангел, каде живеат околу 1.500 луѓе, на длабочина од 10 километри.

Не е издадено предупредување за цунами.