Бројот на загинати во ерупцијата на индонезискиот вулкан Семеру се зголеми од 22 на 34, соопшти денеска портпаролот на Агенцијата за справување со катастрофи.

-Според последниот биланс, загинати се 34 лица, а 17 се водат за усчезнати, рече портпаролот.

До ерупцијата на вулканот дојде во саботата, кога повеќе од 10 села беа покриени со пепел и подоцна уништени.

Последната ерупција на овој вулкан се случи во јануари, кога  немаше жртви.

Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен појас, каде што има чести земјотреси и вулкански ерупции.

Архипелагот во југоисточна Азија вклучува повеќе од 17.000 острови и повеќе од 130 активни вулкани.